Прашајте ги советниците. Ова е насловот за Советот на Општина Битола на општинската интернет страница, каде први се главните, односно координаторите на советничките групи, а надолу ги има и сите останати. Мала рокада од неодамна имаше некаде во средината на оваа галерија, кога партијата го смена Методија Илиевски и на негово место поставен е новиот кооринатор на СДСМ, Петар Николовски.

Под името и презимето ги има нивните е-маил адреси, каде можете да ги прашувате. На некоја од претходните седници дел од нив ги прашавме дали граѓаните ги контактираат. Претседателката Илиевска тогаш ни кажа дека уште првиот месец кога се формираше Советот, донесоа одлука за отворен ден на советниците. Вели ние сме достапни, а за интересот некажа дека го имало.

Непосредниот контакт бил почест, вели координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски.

Тој имаше проблем и со микрофонот. Односно, не само тој и други советници во салата за која велат е со дотраена опрема.

А бидејќи неговите противници велат дека многу зборувал, го прашавме дали се сомнева во некаква, условно речено саботажа.
Советникот од СДСМ, Николовски вели напрсти се бројат бројот на мејлови кои ги добил од граѓаните на неговата е-маил адреса. Велески од Левица вели дека добивал многу мејлови и писма од граѓаните.
А, да потсетиме дека добија и бесплатни телефони со одредени бесплатни минути за разговор и можеби уште нешто бесплатно. Еден советник од левата страна на салата, тогаш ни кажа дека и тое е во делот на комуниакцијата со граѓаните, односно така го оправдуваше добивањето на такви телефони со броеви и бесплатни минути. Бојкоски пак тогаш се откажа од телефонот и бесплатните минути. Е сега дали на другите им ѕвонат или не не знаеме.

Претпладне се на работа, попладне заради партиските активности за изборите најверојатно се на терен. Оттука телефоните како да ја губат важноста во комуникацијата со граѓаните. Остануваат мејловите и канцеларијата во Советот каде имаат прием.

А, сега и што би ги прашале на залезот на сонцето. За неколку месеци ќе има избори.












