Баритонот Иван Наумовски и пијанистката Ана Гацева настапија во Њујорк, на концертот наречен „Љубов и смрт”. На овој настан тие изведоа дела од австриски и германски композитори за глас и пијано, соло пијано, како и циклусот “Песни од татковината” од македонската композиторка Дарија Андовска. Настанот се одржа во галерија на Менхетн.

Дуото Наумовски и Гацева дебитираа заедно на сцената токму во Њујорк. Циклусот “Песни од татковината” од Андовска беше за првпат интегрално изведен во САД, а композиторката исто така беше присутна на настанот кој е поддржан од Министерството за култура.













