Денеска на битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“ имаше избори за нов ректор. Според првичните неофицијални резултати кои ни ги соопшти претседателот на Универзитетската изборна комисија проф.д-р Љупчо Кеверески, најмногу гласови, односно процентни поени освои проф. д-р Игор Неделковски.
Ова се резултатите од денешното гласање, а редоследот на кандидатите според гласачкото ливче
- Данчевска д-р Верица, редовен професор -21 глас или 1,493 процентни поени
- Димовски д-р Злате, редовен професор -26 гласа или 1,912 процентни поени
- Кекеновски д-р Јове, редовен професор -32 гласа или 2,316 процентни поени
- Кочоски д-р Љупче, редовен професор -21 глас или 1,493 процентни поени
- Неделковски д-р Игор, редовен професор -157 гласа или 11,046 проценти поени
Овие резултати ќе бидат конечни откако ќе помине рокот за жалби.












