Согласно потребите за основен проект за санација на оштетувања на регионалниот пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево ( кај Славеј ) во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15 + 100 до км 15 + 600, каде инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е „Стентон Градба“-Битола, од 06.05.2025 година заради изведување на градежни активности сообраќајот на регионалсниот пат Р 1306 ќе се одвива согласно фаза 2 од сообраќајниот проект, односно ќе се изврши целосно затворање на делницата за сообраќај на потегот од Мало Коњари до Кривогаштани, согласно одобрението за времена измена на режимот на сообраќај и сообраќајниот проект.
Оваа состојба ќе трае до завршувањето на градежните активности согласно договорот, информираат од „Стентон Градба“-Битола.












