Од „Стрежево“ со известување за периодот на забрани за риболов на акумулација „Стрежево” за 2023 година.
Се забранува риболовот во периодот на природен мрест на рибите по одделни позначајни видови на риби:
Сом 15.04-15.06.2023 година,
Клен 15.05-15.06.2023 година и
Пастрмка 01.10-31.01.2024 година.
Забраните ги донесува концесионерот врз основа на Решение издадено од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во согласност со Риболовната основа и Годишниот план за заштита и стопанисување со рибниот фонд на акумулација “Стрежево” за 2023 година, се наведува во соопштението од Стрежево.














