ТЕРА

REKLAMA???

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРАЊЕТО НА УЛИЦА „ШИРОКА“

Општина Битола информира дека ГД „Гранит“ АД Скопје, ја известува јавноста за продолжување на затворањето на ул. „Широка”, поради реализација на Проектот на Општина Битола: „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба на ул.„8-ми Септември” и тоа: Реконструкција со доградба на коловоз L=840,00м, Изградба на атмосферска канализација, Реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата L=732,30м, Изработка на куќни приклучоци на мешовита канализација L=87,87м, Реконструкција со дислокација и изградба на водоводна мрежа на дел од ул.„8-ми Септември” и Изградба на улично осветлување на дел од ул.„8-ми Септември” во Битола”.

Согласно Временото сообраќајно решение – фаза 7 и фаза 8, кое претставува дел од дополнување на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај при реконструкција и доградба на дел од ул. „8-ми Септември” во Општина Битола, затворањето на споредната улица „Широка” ќе биде продолжено и ќе трае заклучно со среда, 23.07.2025 година.

Ова продолжување, во траење од 5 дополнителни дена, е неопходно за безбедно и непречено извршување на градежните работи поврзани со подготовка на асфалтерски зафати.

Потребно е сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон поставената привремена сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни правци на движење, стои во информацијата од Општина Битола.