ТЕРА

REKLAMA???

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ БРОД-ГНЕОТИНО

Од противпожарната единица на Битола информираат дека изгаснат е пожарот кој вечерва гореше кај Брод-Гнеорино по течението на Црна река.

Претходно од Центарот за управување со кризи соопштија дека гори големо стрниште и дека  екипите на ТППЕ Битола се на лице место и дека нема никаква опасност.

Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, а гаснењето било отежнато поради калливиот терен.