Во битолскиот Музеј беше промовиран проектот “За историските објекти во Битола, заштитени со закон, од османлискиот период” чиј автор е Агим Џело, а реализиран со средства од Министертсвото за култура и туризам.

Проектот се состои од изложба и видео проекција, каде што учество со свои видувања имаа професорот по историја Љупчо Стојановски и Орхан Демири, професор по исламски науки и имам во Исхак Челеби Џамија.

На присутните им се обратија авторот на проектот Агим Џело и професорот Љупчо Стојановски, кои пред бројната публика зборуваа за значењето на овие објекти за градот Битола и за државата.

Присутните имаа можност да се запознаат какво историско богатство поседува Битола.

















