Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вчера откако беше изгласан ребалансот на буџетот на Општина Битола, преку својот фејзбук профил упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад, како што вели, напредокот.
И додава дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот во Битола.
Образование и спорт:
Изградба на 3 типски спортски сали во:
ОУ „Стив Наумов“
ОУ „Тодор Ангелевски“
ОУ „Даме Груев“ – подрачно училиште во Долно Оризари
Вредност: 144 милиони денари
Реконструкција и изградба на 9 училишни игралишта во:
ОУ „Даме Груев“
ОУ „Климент Охридски“
ОУ „Трифун Пановски“
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“
ОУ „Гоце Делчев“
ОУ „Гоце Делчев“ Игралиштето во „турското“ училиште
ОУ „Коле Канински“ – Буковски ливади
ОУ „Тодор Ангелевски“ – Горно Оризари
ОУ „Тодор Ангелевски“
Вредност: 112 милиони денари
Реконструкција на игралиштата во:
Населба Стрелиште
Брусничка населба– тениско игралиште
Вредност: 28 милиони денари
Изградба на 6 нови паркинзи во:
Овчи пазар
Ат пазар
Ул. Браќа Џаферови
Поранешна касарна
Кај Хеликоптерот
Кај Кифлата
Вредност: 30 милиони денари
Над 150 нови паркинг места
Реконструкција и пренамена на објект во Буковски ливади во училиште
Вредност: 30 милиони денари
Изградба на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“
Вредност: 77 милиони денари












