ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКА: ЗАЧУДЕНА СУМ ОД РЕАКЦИЈАТА ЗА КОМПЈУТЕРИТЕ

Претседателката на Совет Габриела Илиевска е зачудена и изненадена од реакциите за случајот на опозицијата за хакерски напад на лап-топ комјутерите на советниците.

„ Јас сум зачудена од реакцијата во врска со лап-топ комјутерите. Пред два и пол месеци јас лично го отворив службениот лап-топ комјутер кој иако не го користам, видов дека има некој проблем, го пријавив во општината, службите ми кажаа што се случува, истото го кажав на поголем дел од советниците и сметам дека сите ме разбраа што им кажав. Меѓутоа соочени сме со една ситуација каде што општината е нападната за некаков си хакерски упад. Службените лап-топ комјутери се дадени на советниците за службени потреби на кои што имаат службен мејл и истиот треба да го користат за да ги гледаат материјалите и да комуницираат службено. Слушнав и препукувања од типот социјални мрежи итн. Сметам дека службените лаптопи не треба и не смеат да се користат за такви социјални медиуми и мислам дека сето ова препукување е само да се привлечи внимание, односно негативна реакција кај граѓаните, бидејќи секој лап-топ службен е купен од парите на граѓаните“, рече Илиевска.