ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ ВО 2018 ГОДИНА ЗБОРУВАШЕ ЗА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА ВО ПЕЛАГОНИЈА

На актуелност добива темата со изградбата на регионалната депонија во Пелагонија. За денеска е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола. На последата седница сегашниот координарот на СДСМ, Петар Николовски кажа дека тие не го виделе проектот и бараат дополнителни информации, а координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски кажа тој проект не е од вчера туку од многу поодамна.

Во 2018 година советникот од СДСМ, Методија Илиевски во изјава за медиумите зборуваше за започнувањето на проектот за регионална депонија за која како што рече тогаш, ќе се вложат над 40 милиони евра.

„Започнување на проект за изградба на регионална депонија, која е проект на Владата на Република Македонија, со што ќе се вложат историски број на средства, односно повеќе од 40 милиони евра за изградба на регионална депонија, која ќе помогни во собирање на отпадот од Општина Битола, отпадот од регионалните градови кои што се во Пелагонискиот регион.

Донатор на таа регионална депонија ќе биде Владата на Република Македонија, како што кажав со брилијантна бројка со повеќе од 40 милиони евра. Со ова се надевам дека ќе се овозможи решавање на проблемот кој го има Општина Битола и регионалните општини со аерозагадувањето и намалувањето на штетните кои што се наоѓаат моменти во Општина Битола“ рече тогаш советникот од СДСМ, Илиевски.

Од страна на новинарите беше прашан за локацијата.

„Локацијата се уште не е утврдена, точно се знае дека Пелагонискиот регион ќе ја добие оваа регионална депонија. Таа е се уште предмет на анализа, но сигурно ќе имаме за брз период каде таа ќе биде поставена. Во периодот во 2018 година сигурно ќе се започне со изградба на оваа регионална депонија“ одговори Илиевски.