Ова се видео инсерти од седницатa на работното тело за новата урбана опрема. Не е редовна или вонредна седница на Советот па и седењето на советниците е кој каде сака. Правило нема. Но, бидејки на оваа седница на ова работно тело имаше и советници и од власта и од опозицијата, очекувањата беа дека тие ќе си седат на страната каде што им се местата. СДСМ и Поинаку лево, а ВМРО ДПМНЕ десно гледано од претседавачкото место.

Советниците од СДСМ Методија Илиевски и Борче Корлевски наместо на своите места, или пак на било кое друго место од левата страна, изненадувачки се најдоа на спротивната страна, на десната онаму каде што е нивниот политички противник. Бојкоски секогаш на своето место како бетонирано за него, не менува места. Па така над него неколку реда погоре двата политички противници кои беа многу блиску до местата на Левица која исто така е опозиција, но имаат места на страната на власта во претпоследнито ред.
Илиевска не ја напушта страната, останува лево, таму некаде кај местата на СДСМ кога има комисија или пленарна седница.
Илиевски и Колевски не дека прелетале на десната страна, туку можеби тренираат власт, неформално ќе го прокоментира ова нивни сопартиец.
Како продолжи седницата така едниот од СДСМ исчезна. Прво го снема Илиевски и го немаше во текот на целото продолжение на работно тело, а влезе во записникот дека е присутен на седницата на работното тело.

Потоа и Корлевски исчезна и до крајот на седницата го нема, а и тој во записникот влезе како присутен.
До крај останаа Бојкоски десно, лево Илиевска претседателката на Советот и Трајковска совеничката од ДОМ и главна во ова работно тело.
Пред избори секое однесување на политичарите може да се толкува на многу начини. Случајност или практичност, па нека е и заради климата која можеби повеќе ладела на десната страна.












