По првично објавените 19 имиња на кандидати за градоначалници, вечерва СДСМ објави уште 11 имиња со кои СДСМ ќе ја бара довербата на граѓаните на локалните избори за градоначалници.
Битола не е и во овој втор бран.
На нашето прашање кога се очекува СДСМ да донесе одлука со кој ќе настапува во Битола на локалните избори и кога се очекува тоа да биде соопштено, потпретседателот на партијата Методија Илиевски рече дека на некој од наредните извршни одбори овој месец, ќе биде одлучено.
Претседателот на партијата Венко Филипче рече дека и овој процес на селекција, исто како и претходниот, ги следеше истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори бројни со членови на општинските организации.
Од овој регион меѓу 11-те соопштени канидати е Златко Кузмановски за Општина Демир Хисар, кој е актуелен претседател на ОО на СДСМ Демир Хисар.
Во Струмица пак, актуелниот градоначалник Костадин Костадинов не се најде на денешната листа, а таму во Струмица довербата од граѓаните ќе ја бара претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски.
И во Охрид и Дебарца кандидати ќе биде актуелните претседатели на општинските органзиации на партијата.
Дали и во Битола ќе имаат вакво решение како во други општини со актуените претседатели, останува да се почека уште некоја недела.












