ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ НЕМА ДА СЕ БОРИ ЗА ЧЕТВРТ МАНДАТ ВО СОВЕТОТ

Партиите ги кројат советничките листи за трката на локалните избори. Целта е што повеќе совенички места да имаат во идниот состав. Сега најактуелно е прашањето кој ќе се најде на добитно место, а тоа пак зависи од тоа колкава доверба ќе добијат на 19 октомври кога ќе биде гласањето.

И во овој состав кој е на својот крај од мандатот има советници со повеќе мандати. Едниот, односно едната советничка која е и претседателка на Советот, Габриела Илиевска го завршува третиот нејзин мандат, двапати како совеничка на спротивната страна од местото каде што е сега како претседателка. Таа нема да се бори за четврт мандат, оти веќе објави дека сака да биде градоначалничка на Битола.

По советнички стаж, односно години поминати во Советот е и советникот Методија Илиевски од СДСМ, кој го завршува неговиот трет мандат или цели 12 години е во советничките клупи, а беше и координатор на советничката група, но потоа го заменија со актуелниот Петар Николовски.

Илиевска и Илиевски се рекордери по години.

Дали Илиевски ќе се бори за четврт мандат и ако е така дали ќе биде на добитно место за сигурен влез, го прашавме него.

„Сигурно дека не. Сметам дека во Советот треба да има нови лица, со нови идеи, нови видици. Во Советот влегов на мои 26 години речиси дете, излегувам на 38 години. Веќе оформена личност подготвен за нови предизвици“ вели Илиевски во неговиот одговор.

Следното прашање беше дали ова значи дека тој завршува со локалната политика?

„Засега да, можеби во иднина ќе треба да се вратам во друга форма и позиција. Во политиката не се става точка. Се става запирка и се продолжува напред“ вели тој.

Инаку на последните парламентарни избори беше кандидат за пратеник, но успеа да влезе во Собранието на Македонија. Се шпекулираше дека можеби ќе се кандидира за градоначаник на Битола, а неговите политички опоненти претпоставават дека ќе се подготвува за следните парламентарни избори за пратеник.