Внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ се одвиваат во најдобар ред и во демократска атмосфера каква што прилега на СДСМ, соопштија од партијата, која денеска избира претседател.
Сите 78 избирачки места се отворени навреме и процесот тече по највисоки демократски стандарди, соопштија од СДСМ.
„Редовни внатрепартиски избори. Д-р Венко Филипче добива четиригодишен мандат да ја води најдржавотворната партија во нашата република“ напиша на своот фејзбук профил од моментот на гласање, потпретседателот на партијата Методија Илиевски.













