ТЕРА

REKLAMA???

ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА ИМААТ НАЈМАЛКУ ТРОЈЦА ВРАБОТЕНИ

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, беше прашан и за донесувањето на нов Закон за медиуми.

„Ќе донесеме две поголеми измени на законот. Првата која што е во моментот во владина процедура е регистрирањето и признавањето на онлајн медиумите. Бевме единствена држава во поширокиот регион која што не препознава онлајн медиуми во својот закон за медиуми, што значи дека не им дозволува на онлајн медиумите и во странство и дома да се препознаат како медиум. Ова ни е примарна задача да го решиме овој правен вакум кој што ни се појавуваше и таа измена ќе биде многу скоро во Собранието и се надевам на голема поддршка.

Имавме дебата што јавна, што директна со здруженијата на онлајн медиумите, здруженијата на новинарите и останатите еснафски здруженија за да оваа измена, помала измена на законот помине сега и веднаш што тоа продолжуваме со работа на прилагодување на Европскиот закон за слобода на медиумите, кој што ќе треба да го прилагодиме за нашите услови“ вели министерот Андоновски.

Министерот рече и дека Регистарот на онлајн медиуми ќе го води Агенцијата за аудио и аудиовизуални медиумски услуги.

„И условот е во моментот како што е напишан условот, е да еден медиум има најмалку тројца вработени за да може да се регистрира во тој регистар и секако да има македонски домен и импресум, во кој што точно се наведени кои се одговорните лица кои што се во медиумот. И мислам дека тоа е еден низок праг кој што може да се достигне од најголемиот дел од медиумите, од онлајн медиумите во државата и без проблем тие ќе се регистрираат во Агенцијата“ одговори министерот.