ТЕРА

REKLAMA???

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА РАБОТАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО

На седницата пред пратениците е интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата интерпелацијата за Талат Џафери ја поднесоа на 30 мај, по што претседателот на Собранието запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа седницата на 30 јуни. Пратениците од опозицијата го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршел одредбите од Уставот.

Опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.

Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ.

Претседателот на Собранието на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.