Инфлацијата во мај 2025 година е повисока за 1.5 % во однос на претходниот месец. Во Македонија има 702, 410 вработени и 92 , 597 невработени лица или 11% од вкупното работоспособно население се најновите податоци од Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во месец мај изнесува 1,5%, мерена преку индексот на трошоците на животот – вели денеска објавениот статистички извештај на Државниот завод за статистика. Бројките бележат зголемување кога се споредува со април 2025 година, а редовните мерења укажуваат дека зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година е резутлтат н зголемувањето на трошоците на животот . Најпрвин најмногу – дури 4,1% зголемување има во групата Храна и безалкохолни пијалаци. Разновидните стоки и услуги се зголемиле за 2,5%, алкохолните пијалаци и наркотици за 0,8%, рекреација и култура за 0,4% , домување и режиски трошоци заедно со трошоците за здравје реално се зголемиле иако само за 0.1% . Транспортот има намалување за 3,6% , а услугите во ресторани и хотели се намалиле за 0,2%, комуникациските услуги за 0,1 % .

Овие податоци се важни за сите категории на граѓани, но можеби најмногу за 702 410 македонски граѓаниу на возраст од 15 до 89 години кои се вработени во државата во којашто живеат 1 517 156 на возраст од 15-89 години дефинирани како работоспособно население. 92 597 лица се невработени, според ДЗС тоа е околу 11 %. 22% од овие, граѓани кои се на возраст од 15 до 29 години се невработени. Неодмилниво е да се направи точната проценка на цената на трудот, односно стварите кои може да се купат на месечно ниво.

Статистиката вели, бројот на невработените лица е намален за 2.3 % во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, додека за 8.8 % се намалува во споредба со истото тримесечје од минатата година. Но, со 44 763 денари како просечна плата пресметана во месец Март 2025 , којашто годинава е повисока за 10% во споредба со лани, сепак во потрошувачката кошничка неможе секаде да има се.

Според Синдикатот, вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2025 година изнесува 63 908,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минималн кошница за месец април 2025 год. која изнесува 62 691,00 денари е зголемена за 1 217,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 79 283,00 денари.
Цените во угостителството, по групи, во мај 2025 година во однос на април 2025 година се зголемени за: 4.5 % кај групата Храна 2.4 % кај Алкохолни пијалаци и 1.8 % кај Безалкохолни пијалаци.
Вистинските трошоци за летниот месец јуни и кај хотелските и угостителксите услуги и групата храна со пијалаци ќе бидат познати на почетокот на месец јули. Имено, хармонизираниот индекс на трошоци на живот е меѓународно споредлив параметар, кој се формира со податоците за цените на мало на артиклите и услугите. Статистиката редовно ги снима цените на мало и цените на услугите во 8 градови во државата за 600 индустриски и земјоделски производи и услуги.
Извор: ДЗС и ССМ












