Поради несогласувања околу дневниот ред вчера на Комисијата за европски прашања (КЕП) во Собранието настана инцидент. При обидот на пратеници од опозицијата да ја прекинат седницата, по жестока расправија, Арбер Адеми од ДУИ, претседател на комисијата, а поранешен министер за образование, реагира со фрлање предмети кон пратениците кои се собраа околу него. Тоа се гледа на видеото, кое на Фесбук го сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Левков.

„Вака се однесува претседателот на КЕП!Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со “каубоите” од власта!“, напиша Лефков на фејзбук.
Повод за жестоката кавга, беше гласањето на дневниот ред, на кој се најде и Законот за работата на судовите, со кој се предлага работниот век на судиите да се продолжи до 67 години.
Мистерството за труд и социјала предлага продолжување на работен век на судиите до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.












