ТЕРА

REKLAMA???

ИН МЕМОРИАМ-ТОМЕ ВЛАШЕВСКИ-КУБА

Битолската и македонската музичка сцена загуби едно од познатите музички имиња, почина естрадниот уметник Томе Влашевски-Кубата. Роден на 23 јануари 1959 година во Полска, а од 1964 година живее во Македонија.

Заврши средно земјоделско училиште, а потоа и Факултет за физичка култура во Скопје. Во својот професионален работен век беше наставник по физичко образование во ОУ „Коле Канински“ во Битола. Како средношколец тренираше атлетика и беше првак на Македонија во јуниорска конкуренција.

За пошироката јавноста познат како естраден уметник во рок групата „Хомо сапиенс“, потоа и во „Молика“,  „Бон Тон“ и во последниот период настапуваше како соло пејач.

Влашевски беше и дел од екипата на Тера телевизија, каде неколку години работеше како монтажер и снимател.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 9:00 часот во капелата на црквата „Св. Недела“ , а погребот ќе биде од 11:00 часот.