Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека Техеран лансирал „стотици ракети“ во три брана, насочени кон десетици воени цели и воздухопловни бази, во операција наречена „Вистинско ветување 3“, потврдена од Иранската револуционерна гарда.

Иранските вооружени сили по првпат употребија балистички ракети лансирани од подморници при вечерашниот напад врз Израел, соопшти иранската државна агенција ИРНА.
Вкупно 34 лица се повредени при синиќешниот ракетен напад на Иран врз Израел, соопшти израелската служба за итна медицинска помош.

„Нападот беше насочен кон воени бази и индустриски објекти од кои потекнуваше агресијата против нашата земја“, се наведува во соопштението на Иранската револуционерна гарда.
На итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, британската амбасадорка Барбара Вудворд повика на итно деескалирање на тензиите по нападите на Иран врз Израел.












