ТЕРА

REKLAMA???

ИРАН ИЗВРШИ НОВ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ ИЗРАЕЛ

Неколку часа откако американските стратешки бомбардери Б-2 нападнаа нуклеарни објекти во Иран, Иранската револуционерна гарда изутринава истрела ракети кон Израел, објави ДПА, а пренесува МИА.

Сирени за воздушен напад се огласија во Израел рано утринава, објавија израелските вооружени сили во „Телеграм“.

Околу 30 ракети беа употребени во новиот воздушен напад врз Иран против Израел, објави иранското државно радио.

Најмалку 11 лица се повредени во новиот ирански ракетен напад врз Израел.