ТЕРА

REKLAMA???

ИСПЛАТЕНИ 26 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ

Исплатени се 26 милиони евра за 15.753 производители на тутун, информира министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната прес конференција, додавајќи дека вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигнала шест милијарди денари и во целост се исплатени сите тутунари од сите откупни претпријатија.

„Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун.За нас зборот е збор. Ветивме дека во месец април ќе биде реализирана исплатата и еве денес тутунарите своите заслужени средства може да ги очекуваат на своите сметки.Ова е историска и рекордна исплата!Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година“, изјави министерот за земјоделие Љупчо Николовски.

Тој рече дека минатата година била испишана историја и во однос на цена и во однос на количеството на откупен тутун.

„За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.Имавме година со добар квалитет на тутунот што допринесе дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун“, рече Николовски.

Додаде дека трутунот во реколтата 2022 година бил засаден на површина од 13.237 хектари.

„Тоа претставува зголемување на површините за 11%, односно нови 1.453 хектари. Тоа допринесе и за зголемување на договорното производство на тутун за околу 8%, односно нови 1.780 договори или вкупно 29.429 склучени договори за 2022 година.Преку денешната исплата на субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година ја заокружуваме успешната година.Сите овие податоци говорат дека политките и мерките кои министерството заедно со земјоделците ги креира даваат резултат. Дека земјоделците не се откажуваат, туку уште повеќе вложуваат во земјоделието“, изјави Николовски.

Како министерство сме подготвени и оваа 2023 година повторно преку заеднички дијалог и соработка да постигнеме уште подобри резултати, потенцираше министерот.