Сирените за тревога утрово се огласиле во Тел Авив и централен Израел, по што војската на земјата соопшти дека пресретнала проектил кој бил истрелан од Либан, пренесува Би-би-си. Според израелскиот весник „Хаарец“ ова е првпат главниот град на Израел, Тел Авив, да биде цел на ракетен напад од Хезболах,
Хезболах потврди дека со ракета е гаѓано седиштето на Мосад, крај Тел Авив. Во соопштението се наведува дека нападот е одговор на неодамнешните експлозии на пејџери и воки-токи од членови на Хезболах во Либан, како и на убиството на високи команданти на групата, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израел го обвини генералниот секретар на ОН дека не прави ништо за да ги „спречи нападите на Хезболах“ на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „непрекинат ноќен кошмар“ кој се заканува да го однесе и Либан во хаос.
Израелската војска тврди дека во воздушниот напад во кој загина командантот Ибрахим Кубаиси, висок претставник на ракетните единици на Хезболах, загинале и двајца други команданти на милитантната група.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно тврдеа дека Кубаиси бил убиен во воздушен напад врз станбена зграда во јужен Бејрут, Либан.
Фото: Архива












