ТЕРА

REKLAMA???

И ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОБЛАЧНО ВРЕМЕ СО ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Утрово -7 степени на Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -4 Крушево, -1 Крива Паланка, Берово, 0 Прилеп, Дебар, Виница, Тетово, Куманово, 1 Битола, Штип, Охрид, 2 Претор, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 3 Струмица, Дојран, Демир Капија, 5 Гевгелија.

До утрово во 8 часот висината на снежната покрива е 7 см на Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 2 Пожаране, Крушево. За Баба Планина нема информација.

Денеска променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места од слаб снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштат под нула. За време на викендот и во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремнени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.