ТЕРА

REKLAMA???

И ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ СО ДОЖД

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2).

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Утринската температура во Битола до 7, а дневнаат до 14 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), грмежи и засилен ветер.