ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА СО ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА

Утрово -5 степени во Битола Попова Шапка, -2 Лазарополе, 0 Маврови Анови, Крушево, 1 Крива Паланка, Претор, Берово, 2 Охрид, Куманово, 3 Битола, Прилеп, Виница, Струмица, 4 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Тетово, Штип, 5 Демир Капија, 6 Гевгелија, Дојран.  

Најмногу дожд наврна во Лазарополе 7 л/м2, 5 Маврови Анови, Куманово, 2 Берово, Попова Шапка, Ѓуриште, Битола, 1 Тополчани, Демир Капија, Виница, Прилеп, Претор, Штип, Гевгелија.

Највисока снежна покривка од 82 см е на Попова Шапка, 17 Маврови Анови, 12 Лазарополе. За Пелистер нема податоци во информациите на Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта времето беше претежно облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планински врвови со врнежи од снег. Утрово е променливо облачно со слаб локален дожд.

Претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени. Во Битола до 5 степени.