ТЕРА

REKLAMA???

И ЖИТЕЛИТЕ НА УЛ „7-МА БРИГАДА“ ЖРТВИ НА НЕГЛАСАЊЕТО НА СДСМ, ПОИНАКУ И ЛЕВИЦА

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Марица Тодоровска од прес конференција рече дека и жителите на улицата „7-ма Бригада“ се жртви на негласањето на СДСМ, Поинаку и Левица во советот на Општина Битола.

Таа потсети дека седум проекти во висина од 1 милион евра беа одобрени од Европската инвестициона банка за Општина Битола.

„Ова е улицата „7- ма Бригада“ на која треба да биде извршена комплетна реконструкција на водоводот и канализацијата, ако СДСМ, ДУИ И Поинаку гласаа во Советот и ако се водеа исклучиво од интересот на граѓаните.

Јавно ги прашуваме, после изгубени европски пари за “Вело-патеките” повторно СДС е против проекти финансирани од ЕУ,  дали СДСМ со ваквото однесување се приближува кон Русија или поблиску им е дестинацијата на Венко, Дубаи.

1 милион евра од кој требаше аир да видат граѓаните – ќе пропаднат од лоша политика,  кратковидост и неспособност да се оддвои важното од неважното.

СДС, Поинаку и Левица граѓаните не ве бираа за да гласате против нив и нивните интереси – немате право да ги жртвувате еден милион евра. Немате право да ги жртвувате граѓаните“ рече Тодоровска.