Од Здружението на пензионери Битола информираат дека и на 1,2 и 3 април, членови на здружението ќе можат да поднесат барање за добивање вредносен ваучер од 1200 денари, а во пресрет на празниците.
Како што претходно беше објавено Здружението на пензионери – Битола, Новаци и Могила, доделува 600 ваучери од 1200 денари.
Услови се следни:
Пензионерите – самци кои имаат пензија во износ до 16.500,00 денари месечно.
Пензионери двајца (сопружници) со пензија (од двајцата пензионери) до 30.000,00 денари му следува само на еден пензионер.
Пензионерите обавезно да достават талон (чек) од пензија да не биде постар од 2 месеци, лична карта и телефонски број.
Запишувањето ќе се врши во просториите на Здружението на пензионери од 1 до 3 април во времето од 9:00 – 13:00 часот.
Пензионерите од месните ограноци во Добрушево, Кукуречани, Могила и Новаци ќе запишуваат кај лицата определени со име, презиме и контакт телефон, огласени на фејзбук страницата на Здружението на пензионери Битола.
Запишувањето ќе се врши по принцпот прв дојден, прв услужен.
Од Здружението напоменуваат дека сите пензионери кои запишале и добиле ваучери во претходната акција за запишување во месец декември 2023 година и јануари 2024 година немаат право повторно да се запишуваат.












