ТЕРА

REKLAMA???

И ОПШТИНА НОВАЦИ ДОБИ СРЕДСТВА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ

Во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти”, Општините Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип ќе добијат грантови од Фондот за техничка документација (ФТД) за изработка на техничка документација за подготовка на нови проекти.

Денеска градоначалниците на единаесетте општини ги потпишаа договорите кои значително ќе им помогнат во зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи во насока на нивен поголем развој.

„Денес потпишав договор за грант за финансирање на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти за изработка на Основен проект за поставување на фотоволтаични панели на покрив и поставување на топлотна воздушна пумпа во училишна зграда во ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во Новаци“ соопшти градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

Проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти” го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП со финансиска поддршка на Шведска и Бирото за регионален развој, а партнери во проектот се Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.

„Овој проект е од исклучително значење за помалите општини кои се соочуваат со ограничени човечки ресурси, недостаток на квалитетни проектни идеи и неподготвена документација. Несомнено, ова е инвестиција во развојот и иднината на општините, во подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и во одржлив економски развој. Со оваа иницијатива правиме значаен чекор напред во создавањето на пофункционални, поконкурентни и поодржливи локални заедници. Продолжуваме посветено да работиме во насока на зајакнување на општинските капацитети, бидејќи силни општини значат силна држава”, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во своето обраќање на потпишувањето на договорите, кои се резултат на петтиот повик на ФТД со кои се издвојуваат 350.000 американски долари за поддршка на 11 грантови, кои покриваат над 15 комплети техничка документација за општините.