ТЕРА

REKLAMA???

И ПО ЕДЕН МЕСЕЦ ОПШТИНАТА НЕ НИ ОДГОВОРИ СО КОИ ПРОЕКТИ АПЛИЦИРАЛА

На владина седница потврдени повеќе од 270 проекти од речиси сите општини, кажа премиерот Мицкоски. Оние кои не обезбедиле се од документација ќе имаат дополнителен рок, рече тој.

На четири општини им одбиле проекти, оти биле за други активности што не се дел од повикот.

На 13 септември министерот за локална самоуправа Златко Перински кажа дека проекти доставија 80 општини, а поднесени биле вкупно 357 апликации.

Два дена претходно градоначалникот на Битола, Тони Коњановски соопшти дека ги потпиша 16-те проекти аплицирани од страна на општина Битола.

И кажа дека генерано дека станува збор за изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од речиси 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри. Проектите опфаќаат и поставување на ново училишно осветлување, како и енергетски ефикасна фасада на едно основно училиште.

На 16 септември до општината поставивме некоку прашања поврзани со проектите со кои општината аплицираше, со цел информирање на широката јавност конкретно што е она што сака општината да го направи, а со пари од централната власт.

А прашањата беа од тоа кои се конкретните проекти или улици, локации, објекти и нивната финансиска контрукција, па за тоа колку од нив се за во градот, а колку и длаи има и кои се за во руралните средини, како и за документациите и се што е поврзано со нив во интерес за брза реализација, со парите што се панирани од овој буџет на државата, а кој имаше ребаланс.

И по повеќе од еден месец на нашиот маил не стигна одговор од општината, која деновиве беше прогсласења за најотворена отпштина, а често се китела и со квалицикацијата за најтранспарентна.

Кои проекти и колку владата им одобрила не знаеме, дали 16-ката ќе биде потврдена или не, ќе почекаме да кажат. А како и кога ќе се реализраат?  За одобрените проекти ќе треба да има потпишување на договорите, а за да може да се реализираат неопходен ќе биде и ребаланс на општинскиот буџетот, како што и беше најавено.

Советот вобичаено има една седница месечно, а таа беше на 10-ти октомври. Значи следната е следниот месец, во ноември кога се очекува да се најде и најавениот ребаланс, а потоа ќе дојде и декември кога ќе треба да се носи буџетот за следната година.