На комисиска расправа се најде и работењето на јавното претпријатие „Паркинзи“ во 2024 година.
„Вкупно приходи минатата година претпријатието регистрирало 47.693.897 денари. Најголемиот дел од приходите отпаѓаат во делот на пружењето на нашите услуги и тие се зголемени за разлика од минатата година, но за волја на вистината зголемени се и трошоците во вкупен износ од 50.918.272 денари, со што претпријатието во минатата година бележи загуба од 3.224.375 денари. Бидејќи имаше некои прашања одма да одговорам. Вкупниот број на вработени редовни на неопределно време во текот на минатата година беше 59 и 6 преку агенција за привремени вработувања. Најголемиот дел од тие вработени се во делот на нудење на услуги.
Значително отстапување од страна на минатата година, а и секако дека ќе падни в очи, пред да поставите прашање да ви кажам дека во оваа година влегува тука и приходот од хуманитарните паркинзи, заради тоа е зголемен“ рече директорот на ова јавно претпријатие Зоран Михајловски.

„Бидејќи директорот се заблагодари до работниците, сакам да прашам зошто ставката за заштитна опрема за вработените, униформи и други одела изнесува само 50.000 денари, споредбено со 2023 каде што биле 400.000 денари“ праша совеникот од СДСМ, Петар Николовски.
„Тоа беше интервентна набавка заради потребите на вработени на лизгалиштето, бидеји мораше да изгледаат културно, да имаат нови работни одела, генерално таму беа префрлени вработените од одделот за хоризонтална сигнализација. А, набавка имавме една голема кога дојдов, сега оваа година се планира повторно набавка. Набавката на лични заштитни средства и опрема ја вршиме согласно проценката на ризик на секое работно место, со соодветни рокови кои што се предвидуваат на секое работно место, така што оваа година беа само интервентни набавки“ рече Михајловски.
„Прашањето ми беше дали работниците ги имаат сите неопходни услови за работа, без разлика што овде има средства само за интервентна набавка“ дополнително праша Николовски.
„Да, ги имаат. Ве поканувам во секое време да дојдите и да разговарате мислам, заедно ќе разговараме, бидејќи ова не е работа што се крие“ одговори Михајловски.












