ТЕРА

REKLAMA???

И УТРЕ ВО БИТОЛА ДО 38 СТЕПЕНИ

Времето утре сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец. Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. Во Битола максималната температура до 38 степени.

УВ индексот 9.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови.