ТЕРА

REKLAMA???

„КАБАРЕ“-НОВА КОМПОЗИЦИЈА НА ДИМИТАР МИТРОВСКИ

Димитар Митровски , виртузот на хармоника, го промовираше видеото за втората композиција „Кабаре“ од третиот албум кој што треба наскоро да се појави на музичкиот пазар.

За оваа песна и спот Димитар Митревски вели:

„Инспириран бев од брзината на нашето секојдневие каде сите некаде брзаме , преку музичкиот стил етно-самба-џез направив композиција за хармоника и за истата снимивме диманичен видео запис“. Како модел во спотот се појавува Михаела Велјановска.

Митревски ја истакна благодарноста кон колегите  Марко Дениќ, Гоце Илоски, Горан Гешовски, Иван Петровски.За  режијата се погрижи Даниел Јовески, видеото го направи Sustain Production, асистент Никола Ставрески, микс и мастеринг Ангел Ќошев од студио Подрумот.

Во спотот учествуваат танчерите од студиото за танц “Expose“. Изминатиов период Димитар имаше настапи во Канада.