ТЕРА

REKLAMA???

КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ?

Денеска претпладне имавме сончево време, а за попладне метеоролозите најавуваат променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Во Пелагонискиот регион со максимални температури до 35 степени. Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

„Денеска попладне променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а понекаде со услови за град. Денеска ќе имаме температури низ државата од 29 до 36 степени, а во Пелагонискиот регион температурите ќе бидат најмногу до 35 степени. Во текот на утрешниот ден ќе биде стабилно, сончево со малку облачност и во Пелагонискиот регион со северозападен ветер. Максималните температури утре ќе бидат во интервал од 31 до 38 степени. Во Пелагонија до 35 степени. За време на викендот со услови за краткотрајна нестабилност, наместа со пороен дожд и грмежи, веќе од недела ќе дува силен северен ветер, па температурите од понеделник со северниот ветер веќе за некој степен пониски“, рече Иван Борис Секирарски од УХМР.

Во текот на вчерашниот ден делови од државата беа зафатени од силно невреме проследено со силен ветер и дожд кое предизвикало оштетување на гранки и дрвја, а во Прилеп од удар на гром изгореле 4 куќи.