На седницата на Комисијата за јавни и комунални дејности една од точките беше извештајот за реализиација на програмата за користење и одржување на уличното осветлување во општината за ланската година. За СДСМ имало лошо планирање на средствата.
„Во поправки и одржување на улично осветливање од 4 милиони, 4 милиони, поправки и одржување на улично осветлување во рурални средни од 3,5 милиони, 3,4 милиони, поправки и одржување на тековно одржување имате од 6 милиони, на 5,9 милиони. На другите ставки секаде имате помалку. Од 1 милион, 900.000, од 2 милиони, 1,9 милиони, од 2 милиони, 900.000 денари, од 3 милиони, 2,3 милиони, од 1 милион, 325.000 и ова ви го зборувам од првата ставка од буџетот, не со ребалансите“ рече советникот од СДСМ, Борче Корлевски.
Корлевски и за како што кажа една од ставките реализирана со нула.
„Реконструкција на капацитети во енергетиката, на 150-та и 170-та од 1.250.000 денари е реализирано нула денари. Значи ако ги гледаме од 59 милиони, 63 се потрошени и тоа со два ребаланси кои што биле на 80. Реално, вика овде, реализацијата на програмата изнесува 87,5 проценти за 2024 година. Ако не беа тие два ребаланси, односно 15 милиони денари, ќе беше 44 проценти“ рече Корлевски.
Не, ако не беше ребалансот ќе имаше повеќе потрошено од тоа што беше планирано, возврати претставничката од општинската администрација. И кажа дека неможе реализацијата да не е нула кога нешто не е започнато да се работи, му возврати на Корлевски.
„Ако сме планирале 59 посто, значи повеќе од 100 посто ќе беше реализацијата. Бидејќи 59 имавме на стартот, а имаме сега 63. Зошто не е на 150-та, 170-та и 210-та улица, во моментот се работи и не сме стигнати до улично, се планираше дека лани ќе го работиме тоа, не стигнавме да го сработиме и затоа е нула реализацијата. Уличното осветлување не е почнато. Таму се работи на атмосферска и фекелана канализација. Точно, изградба на улично осветлување на улицата кај Дулие се реализирани сите средства, затоа што таму веќе уличното е завршено. Сега зборувам како вие што рековте буџет 2024, реализација 2024. Значи имаме поместување, улично осветлување во градот од 4 милиони потрошени се 4.095.183, значи тука имаме повеќе од тоа што сме планирале, улично осветлување во рурални средини сме има 3,5 милиони денари имаме реализација 3.406.000 денари. Во поправка и одржување на улично осветлување, онаа замената на живините, од 1 милион со ребалансот сме ставиле уште 5 милиони денари, значи станале 6 милиони. Значи ако било од 1 милион, сега имаме скоро 6 милиони. Значи тука е разликата во тие 15 милиони. Горе се предвидени 15 и тука уште 5 милиони“ рече Маријана Спасевска, раководителна на одделението за комунални дејности.
Спасевска кажа дека реалниот процент на реализција е 77,5 проценти, процент кој се пресметува на повисоката вредност. А, возврати и на забелешката дека не добро се планирало.
„А зошто било планирано во електрична енергија уште 15 милиони, се со цел заради договорите кои што се склучуваат, да не испадниме без договори за електрична енергија и да стигниме до крајни снабдувачи, а сега дали било тоа во ред или не, тоа е ваше мислење“ рече Спасевска.
Овој извештај за реалиацијата на програмата ќе се најде на пленарната седница на Советот закажана за следниот вторник.












