ТЕРА

REKLAMA???

КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ЖЕШКОТО ВРЕМЕ ВО ПОРТУГАЛИЈА ПОЧИНАЛЕ ОКОЛУ 260 ЛИЦА

Како последица на екстремната жештина во Португалија минатата недела починале 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години, пишува агенцијата МИА.

Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да ја погоди земјата до 7 август.

Според властите, се очекува нагло зголемување на температурите низ континентална Португалија, со вредности што ќе достигнат или надминат 40 степени.