ТЕРА

REKLAMA???

КАКО РАБОТЕЛЕ ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЛАНСКАТА ГОДИНА!

Завршните сметки и извештаите за работа за 2024 година на јавните претпријатија во Битола беа на седницата на Комисијата за финансии и буџет, пред да одат на пленарната седница.

Директорот на „Комуналец“ зборуваше и за финансиската состојба и за она што е сработено ланската година. И направи паралела. Собрале повеќе средства.

 

„Споредбено со минатата година сме собрале скоро 20 милиони денари повеќе финансиски средства од изминатата година, односно ланската година сме прибрале 216.743.203 денари, а 2024 година 235.164.128 денари“ рече директорот на „Комуналец“, Горан Степановски.

Прашање од спротивната страна, на што се должи помалото побарување од страна на физички лица.

„Велите дека во јавното претпријатие „Комуналец“ според извештајот состојба на 31.12.2024 по основ на побарувачи од купувачи е следна, значи во 2023 година сте имале на пример од физички лица 55.385.000, во 2024 година 55.232.000, на што се должи ова помалку? Купувачи за гробни места. Во 2023 година имате 1.211.000 денари, во 2024 имате 1.060.000 денари. На што се должи ова? Помал морталитет? Не умираат луѓето?  праша советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

Освен за гробните места, Степановски објасни и од каде и зошто е загубата.

„Се купиле толку нови гробни места и тие се додаваат на тековните гробни места. Пример ако имало 1000 гробни места, сега има 1100 гробни места“ објасни Степеновски.

Корлевски праша како влегува јавното претпријатие во загуба ако земаат повеќе пари.

„Загубата како што кажав е најголем дел по основ на зголемените плати на двете покачувања на вработените кои се случија во март и во септември. Најголем дел од загубата е од тоа“ рече директорт на „Комуналец“.

Негативна е завршната сметка и на „Нискоградба“, рече директорот Талевски.

„Од страната на расходите кои што се генерираат со работата во 2024 година исто така тука бележиме намалување за 2 проценти од планираните, односно зголемување за 5 проценти на реализираните трошоци од 2023 година. Ова зголемување најповеќе паѓа на товар на зголемените плати, што секако се дополнителен товар на претпријатието и само за илустрација бруто платите за 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 18 проценти или нецели 13 милиони денари“ рече директорот на „Нискоградба“ , Зоран Талевски.

Имаше и прашање за висината на ненаплатените обврски.

„Колку имате ненаплатени обврски, оние што стојат секоја година, се завршија тие што се отпишуваа секоја година долговите? Која е таа сума?“ праша Корлевски.

„За отпишување имаме. Ние имаме стигнато со отписи до 2019 година. Во табелата каде што имаме побарувања од купувачи тука се кумулативно, гледате во 2023 година 85.300.000 денари, во 2024 биле 77 милиони денари. Така имаме пад од 10 проценти, а ова се должи и од зголемената наплата и од отписот од 4.500.000 денари  што го направивме оваа година“ одговори Талевски.

Приходите кај ЈП „Пазари“ се на исто ниво како и претходната година, рече директорот на „Пазари“.

„Вкупно остварени приходи во 2024 година по сите основи се 28.872.247 денари. Приходите од продажба на услуги на домашен пазар во 2024 година за разлика од 2023 година тука бележат стагнација, односно се на исто ниво како и претходната година. Причина за тоа е помалиот број на склучени договори за закуп на тезги, споредбено со 2023 година, со тоа и помала количина на производи кои што се нудат на градскиот пазар и зачестената појава на нелојалната конкуренција. Кај приходите по основ на наемнина се бележи пад на приходите од 6 посто што главно се должи на раскинување на еден договор за закуп на деловен простор кон крајот на 2023 година и до ден денс тој простор не е издаден“ рече директорот на „Пазари“, Драги Џаревски.

И приходите од паушал бележат пад.

„Приходите за наплата на паушал бележат пад од 3 проценти, како и од Сточниот пазар каде што тука има најголем пад од 21 посто. Причина за пад на приходите, односно за паушал што се приходите е тоа што има се помал број склучени договори“ рече тој.

И кажа дека разходите во 2024 година во претпријатието се заголемени во однос на раходите во 2023 година за 10 проценти, што го доведува претпријатието во негативен финансиски резултат.

„Главна причина за расходот е зголемувањето на платите во неколку наврати по разни основи, со тоа што дојде до зголемување на трошоците за плати на вработените за 11,4 проценти, што е главна причина за негативниот резултат“ вели дирекротот на „Пазари“.

СДСМ имаше прашање за Кванташкиот пазар.

„Ќе се вратам на Кванташкиот пазар, беше бомбастично најавен со тоалети, вода, лед осветлување, ова-она. Меѓутоа ништо од тоа нема. Буквално ништо. Значи прашањето ми е приход од Кванташки и за вагата од сточниот“ праша советничката од СДСМ, Мирјана Захариевска-Ралевска.

И за вагата и за приходите одговори директорот.

„Приходот од Сточниот пазар, значи тој е пресметан во таксата што е од вкупните приходи, значи не е посебно да се води како ставка. Дигиталната вага функционира. Приходите од 2024 година, доколку последните 2 месеци не беше затворен Сточниот пазар ќе беа поголеми од приходите во 2023 година“ одговори Џаревски.

Пред членовите на оваа комисија беа и работењата на останатите претпријатија. Вторник на пленарна седница ќе се најдат повторно.