ТЕРА

REKLAMA???

КАНЦЕЛАРИИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ЗА СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска заедно со пратениците од Битола и градоначалникот Тони Коњановски во посета на канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните во Битола во урбаната заедница „Коле Канински” на улица „М.Т. Живкови” бб.

Пред објектот на месната заедница Гаши го пречекаа пратениците Пеце Милевски, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска. А, потоа пристигна и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој претходно имаше средба со претседателот на Собранието.

Сите заедно ги отворија канцелариите на пратениците каде ќе имаат средби со граѓаните.

„Дојдовте да ги отвориме канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните. Знаете дека проектот „Ваш пратеник“ е долгогодишен и сме имале потешкотии во минатото, но сега имаме една нова динамика на отворање на овие канцеларии. Многу сум среќен што денеска сум во Битола.  Ги видовме канцелариите, прилично се достоинствени и се надевам дека ова ќе биде поттик за граѓаните на Битола, да доаѓаат, да се среќават со нивните пратеници, да ги прашуваат и така да го оствариме тоа право на непосреден контакт на граѓаните со пратениците“, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој изрази голема благодарост до градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за топлиот пречек во Битола.

Градоначалникот Коњановски, се заблагодари за денешната посета и нагласи, дека ова е неопходна и дополнителна можност за битолчани, да ги изнесат своите барања, потреби и идеи.

„Со убав повод отворање на канцелариите на пратениците и пратеничките од регионот на Битола. Ова е едно место каде што пратениците и пратеничките од Битола, ќе имаат средби со граѓаните, надвор од нивните активности во Собранието, иако средбите со граѓаните се секојдневни. Сега има дополнителен простор за разговор со граѓаните, да ги согледаат идеите“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој потенцираше дека на средбата со Претседателот на Собранието Гаши, разговараа и за добрата соработка и актуелните состојби на локално и централно ниво.

Во овие простории граѓаните ќе можат да се среќаваат со пратениците од Битола, Милевски, Лозановска, Ангелевска, Костадиновска-Стојчевска и Бендевска.