ТЕРА

REKLAMA???

КАРНЕВАЛОТ ВО МАЛОВИШТЕ – СЕ ОДРЖУВАЛ И ВО КОМУНИЗМОТ

Автентични маски, традиционална музика, обичаи и добра забава е она што го прави привлечен овој настан во потпелистерското село Маловишта.  Маловиште е единственото населено село на територија на НП „Пелистер“ и населението коешто доминира таму е доминантно влашки етнички состав. Но, од дамнина кога влашкиот народ го насели  овој дел од Македонија ги прифатиле христијанските верски празнувања. Па така и василичарскиот карневал станал дел од влашката култура на симболично протерување на злото во т.н некрстени денови – деновите по божикниот пост што насекаде се празнува со паради по маски – со машки и женски демонски ликови, караконџоли, приказна и посебен редослед на настаните.

Александар Палигора, Горан Стојковски и Ангелина Петровска вчера во ТЕРА испраќаа фотографии и видео материјали. Александар денеска вели секоја година за овој карневал има се поголем интерес.

За в година ќе биде и поинаку, вели Александар, упатувајќи на разговорите со директорот на НП „Пелистер“ – Иванчо Тошевски. Жителите ја споделиле идејата карневалот, стар со децении, да прерасне во уште поголем и европски, светски признат. Од националниот парк денеска, споделувајќи фотки по социјалните мрежи објавија дека „Василичарскиот карневал “Бабари” во Маловишта претставува традиција со силна симболика за протерување на злите духови и пречек на Новата година со нова позитивна мисла. Селото Маловишта е единсвеното населено место во НП Пелистер. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мостови и изгледот на мала градска населба. Настаните од овој тип во Маловишта претставуваат симбол на обединување на влашката заедница во насока на зачувување на влашкиот идентитет.“

Во Маловишта нема да биде празно ниту на 19 овој месец, кога се одбележува Водокрст. Жителите редовно, секоја година, организирано пристапуваат кон традицијата и обичајот во кој светиот крст се извлекува од вода.