Кина ги зголеми царините за американскиот увоз од 84 на 125 отсто, возвраќајќи на претходната одлука на Вашингтон, соопшти Комисијата за царини на Државниот совет на Кина, објави МИА.
Како што пренесе Еуроњуз, ова денеска го соопшти Комисијата за царини на Државниот совет на Кина. Белата куќа вчера соопшти дека стоката увезени од Кина во САД подлежи на царини од најмалку 145 отсто.
Вчера беше соопштено дека велта на ставањето во мирување на европските контра-царини на американскиот увоз што го најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е да се обезбеди максимален простор за консултации со земјите членки на ЕУ и со европската индустрија, како и за разговори со САД, соопшти денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил.
– Сакаме да разговараме, ја цениме најавената (американска) пауза на т.н. реципрочни царини и ние за возврат сега ги паузираме нашите предложени контра-мерки, рече Гил.
Фон дер Лајен денеска соопшти дека ЕУ решила да ги стави во мирување за 90 дена контра-мерките за увозот на американски производи, како одговор на најавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека, исто така, за период од 90 дена ќе „го паузира“ воведувањето на некои реципрочни царини за увозот од стоки во земјата од десетици држави.












