ТЕРА

REKLAMA???

КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВЕЌЕ ИМА СПЕЦИЈАЛИСТ ИНФЕКТОЛОГ

Клиничката болница Битола после подолг период обезбеди инфектолог за инфективното одделение каде ќе пружа здравствени услуги за пециентите кои имаат потреба од лекарски третман, како од Битола, така и од регионот.

Засега како што вели за Тера телевизија, директорката д-р Ненси Лозанче, докторот специјалист инфектолог ќе работи секој работен ден во амбулантата на одделнието, кое беше затворено.

„И со тоа после долги години за прв пат се случува лекар од приватното здравство, да дојди во јавното здравство. Ова беше еден од моите приоритети од како сум на чело на Клиничката болница, да го решам проблемот со немање кадар на инфективното одделение. На мое, а и на задоволство на целиот персонал и пред се на пациентите, на барањето за потреба од специјалист инфектолог, се јави доктор од приватното здравство и по сите формалности кои ги завршивме, задоволство е да се обајви дека инфективното одделение во Клинчката болница во Битола има редовно вработен специјалист инфектолог“ вели д-р Лозанче.

Д-р Хараламбос Сидиропулос, е специјалист по инфектологија. Дипломирал на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, доктор на медицина, а неколку години подоцна на скопскиот униеврзитет завршил специјализација.

Д-р Лозанче вели дека за скоро уште двајца специјалисти од други области се трансферираат од приватно во јавно здравство, односно во Клиничката болница Битола.