ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТОТО ДЕВОЈЧЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Разговаравме и вчера и утрово со министерот за здравство, тука е и директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, веќе отпочнат е вонреден надзор за тоа што се има случено во Битола, директорот на битолската болница е веќе на пат за Скопје каде што ќе има состанок и со министерот и заменик министерот и информирано е јавното обвинителство во однос на овој случај. Сите детали откако ќе ги имаат надлежните институции како што ги набројав, ќе бидат споделени со јавноста. Врз основа на факти треба да се утврди објективната состојба што таму се има случено и врз основа на тие факти да се направат соодветни санкции таму каде што ќе биде потребно“ рече премиерот Ковачевски.