ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ ЗА УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА И ПЛАТИТЕ ВО ЕСМ

За време на вчерашната посета на РЕК Битола каде беше означен крајот на грејната сезона, премиерот Димитар Ковачевски беше прашан и за тоа дали ќе има зголемување на платите.

„Во однос на платите и на условите за работа, знам дека во изминатиот период условите беа подобрени, исто таа се воведоа и голем број на дополнителни работи кои што не постоеја во минатот и оброци и ткн., но ова што веќе треба да се исправи, а веќе разговарав со новиот генерален директор, а сме разговараме и со бившиот веќе генерален директор, а тоа е усогласување на работењето во прва и во втора смена, бидејќи во втора смена, тоа работниците го знаат се добиваат дополнителни финансиски средства заради работа во втора смена и решението можеби е во ротации и ткн.

Исто така би сакал да истакнат уште една многу важна работа, а тоа е дека самиот менаџмент тим на ЕСМ во текот на кризните месеци и во текот на претходната сезона, сам ги намалуваше платите со цел да се обезбедат финансиски средства за обебзедување на електрична енергија, односно набавка на енергенси и ткн. И тоа исто така е за голема почит.

Затоа на новиот финансов директор, на новиот генерален директор останува задачата да направат се што е во нивна моќ, за да може да се подобрат уште повеќе и условите во однос на работењето, меѓутоа и во делот на платите со цел работниците да бидат задоволни од секој аспект, бидејќи тие, повторувам уште еднаш, се оние кои што ја изнесоа на свој грб енергетската криза и снабдувањето со електрична енергија во државата“ рече Ковачевски.