ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ СООПШТИ КОИ СЕ МАКЕДОНСКИТЕ ПОЗИЦИИ

Премиерот Димитар Ковачевски на Самитот на Европската Унија за Западен Балкан, кој се одржува денеска и утре во Брисел ја предводи владината делегација во која е вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во рамки на работната посета на Брисел, предвидено е премиерот Ковачевски, заедно со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама да одржат прес-конференција.

Синоќа премиерот Ковачевски на својот Фејзбук профил, во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, напиша дека Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.

„Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:

– Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;

– Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;

– Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;

– Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;

– Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија“ стои во објавата на Ковачевски околу македонските позиции.