Имплементацијата на „Сејф сити“ како проект, министерот Тошковски вели дека ако се направи како што треба, ако имаме изолиран систем надвор од човечки фактор да утврдува и процесуира прекршување на законот, гарантира дека за многу кус период менталитетот на луѓето ќе тргне на подобро, рече тој во интервју за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Каде е придобивката од „Сејф сити“. Има фотографија, се знае дека си ти. Фотографијата го слика шоферот и го слика возилото и регистрацијата на возилото. нема бегање“ вели министерот Тошковски.
Проектот „Сејф сити“ има две фази.
„Првата фаза е Скопје, Куманово, Тетово. Целта е на 1 јануари 2026 година започнеме со имплементација на проектот и со законската регулатива и конечно еднаш за секогаш возењето во Скопје, Куманово и Тетово да се знае дека ќе биде следено од страна на еден паметен систем“ вели тој.

А, што е со другите градови во Македонија.
„До средината на 2026 година ќе го имплементираме на територија на цела Македонија и во сите градови ќе го имаме инсталирано истиот систем. Зошто 1 јануари 2026 година? Заради тоа што ни беше потребен период од година дена каде што секој е сопственик на моторно возило ќе потпише соодветна изјава која што ни е потребна за да може да се процесуираат. Бараме електронска адреса заради имплементација на овој поект. Задолжително министерството за внатрешни работи ќе доставува пораки на телефон, а на маил адресата е како дополнително известување од страна на министерството“ рече Тошковски.

Веќе информиравме дека надлежните органи на градот и Општината Битола, согласно општинските планови за развој и студии за урбано живеење, а со цел на подобрување на животот на своите граѓани, нивната општа безбедност, безбедноста на сообраќајот и за други аспекти донесоа одлука дека е потребно во градот да се постави систем за видео надзор. Студија која ја нарача општината и која е направена прави широка анализа на градот Битола, имајќи ја во предвид неговата географија, клима и демографија, а се со цел да се одговори целосно на задачата поставена пред истата, да се осмисли и димензионира градски систем за видео надзор кој ќе одговори на потребите на градот Битола и на неговите граѓани. Како што веќе информиравме препораката на студијата не е дали на Општина Битола и е потребен систем за видео надзор, туку побрзо да започне неговото детално планирање, имплементацијата и ставањето во функција на таквиот систем.












