ЛДП Битола соопшти дека на следните избори настапува со кандидати од најразлични професии. Меѓу нив се и Аница Мишковска и Јоцо Ѓорговски. Едниот кандидат од јавниот, а другиот од приватниот сектор. Од партијата велат дека и двајцата се вљубеници во спортот, велосипедизам и фудбал и дека двајцата имаат желба за подобар град.
На овие локални избори ЛДП настапува со советничка листа за идниот состав на Советот на општина Битола.
Ова се осми по ред локални избори во независна Македонија, гласањето ќе се реализира на 19 октомври и 2 ноември.
Изборот на советници се спроведува по пропорционален изборен модел.
КОИ СЕ КАНДИДАТИТЕ НА ЛДП ВО БИТОЛА
