Темите од областа на екологијата се во предметот природни науки.

Ова е кабинетoт во ОУ „Стив Наумов“ во Битола, каде за тоа, што и како учат учениците за екологијата, животната средина и се она што е поврзано со иднината на планетата земја, разговаравме со Јулијана Трајковска, професорка по биологија и природни науки.
„Значи според наставната програма, како во пониските, така и во повисоките одделенија, учениците по предметот природни науки изучуваат теми од областа на екологијата. Целта е уште од мази нозе кај учениците се развие еколошката свест и грижата за животната средина, кои се придобивките од здрава животна средина“ вели професорката Трајковска.

По предметот природни науки им предава на учениците од петто и шесто одделние и биологија во седмо одделение.
„Во рамките на предметот природни науки се изучуваат теми од екологијата, како што се грижа за животната средина, понатаму негативното влијание на човекот врз животната средина. Во овие две теми, во грижа за живоитната средина акцентот е на позитивното влијание на човекот врз животната средина, а кај последиците од загадување на животната средина е нагласено негативното влијание на човекот врз самата животна средина, тука изучуваме како настанува ефектот на стаклена градина, како се формираат киселите дождови, што се озонски дупки“ објваснува таа.

Таа вели дека учениците лесно ги совладуваат темите и кај нив предизвикуваат доста интерес, посебно негативното влијание, за ефектот на стаклена градина. Практичната настава е доста застапена и тука учениците се доста активни.
„Самата настава по природни науки овозможува нели праксата или практичниот дел да е доста застапен. Покрај тоа нашето училиште во текот на една школска година организира повеќе еколошки акции, како што се еколошките акции по повод денот на планетата земја, денот на пролетта и тука имаме доста активност во однос на екологијата, потаму и во текот на целата година имаме и поголеми еколошки акции, како што еколошкатаа акција со Пакомак каде што во текот на целата школска година се собира и се рециклира пластичен отпад. Исто така поголема акција е во органиација на Општина Битола и локалната самоуправа „Генералка викенд“, каде што покрај комуналниот отпад кој што го собиравме околу училиштето, се собираше и стара хартија“ вели Трајковска.

За природни науки очигледно учениците се доста заинтересирани и тоа радува ако се има предвид дека мораат уште од мала возраст да ја разберат важноста од грижатата за животната средина, оти од сите нас зависи иднината на планетата земја.












