По денешната информација дека во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“ се исечени дрвја, наместо да бидат поткастрени, со соопштение се огласија од ЈП „Комуналец“ Битола.
„Екипите на ЈП Комуналец, утрово извршуваа редовни активности на кастрење на дрвјата, при што со активностите беа опфатени и дрвјата во училишниот двор на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“. При извршувањето на работните активности, од страна на екипите констатирано е дека се работи за дрвја со плиток корен, поради што истите претставуваат опасност за вработените и учениците во училиштето. Од овие причини, од страна на екипите пристапено е кон целосно сечење на дрвјата. Од страна на ЈП Комуналец, формирана е посебна комисија која веќе работи на проценка на постапувањето на екипите, како и запазувањето на правилата на претпријатието при извршувањето на активности за сечење на дрвјата. Проценката на комисијата и изготвувањето на извештајот предвидено е да бидат завршени до утре. На местото на старите дрвја ќе бидат засадени нови како дел од проектот ,,Сите за почиста и позелена Битола” стои во соопштението од ЈП „Комуналец“.













