ТЕРА

REKLAMA???

КОМУНАЛЕЦ ЧИСТЕШЕ ДЕПОНИИ

ЈП „Комуналец“ Битола соопшти дека се приклучи на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“.

Оваа акција се реализира веќе 5-та година по ред, со цел обезбедување здрава животна средина и подигнување на свеста за зачувување на природата и нејзината заштита, велат од „Комуналец“.

Во текот на денешниот ден, ЈП „Комуналец“ во соработка со другите јавни претпријатија чистеше депонии на терен со тешка и лесна механизација, на претходно определени локации.

Акцијата продолжува и за време на викендот, со активности за чистење на терен во градот, во околните села и на туристичките локации во општината.

Фото: ЈП „Комуналец“ Битола